X
 15.03.2017 Технологија

Сеавус присуствува на Embedded World 2017

Сеавус е дел од најголемиот настан за вградени технологии Embedded World во Европа кој се одржува во Нирнберг, Германија



Денес во Нирнберг во тек е вториот ден од саемот Embedded World 2017, каде повеќе од 30.000 илјади посетители и 1000 изложувачи традиционално ги следат најновите вести за разни алатки, специфични уреди и развојни околини за изработка на вградени (embedded) системи. Компанијата Сеавус е присутна во областа за вградени апликациски решенија за потрошувачка електроника (consumer electronics) заедно со еден од најголемите производители на светско ниво за чипови и микроконтролери STMicroelectronics (STM).

Тимот на експерти од Сеавус е дел од STM32 FAN фан-зоната каде се прикажуваат дел од најновите решенија произведени во Сеавус со користење на последните микроконтролери (MCU) кои доаѓаат од STM. Демо уредите кои се презентирани од Сeaвус прикажуваат решенија создадени со најсовремен инженеринг во областа на специјално дизајнирани направи за играње, помош при купување и системи за мониторинг на простори. Преку овие уреди, Сеавус ја презентира својата експертиза за успешно интегрирање на микроконтролерите од STM во најразлични технолошки домени и изработка на модерни уреди.



“Ни претставува големо задоволство што Сеавус е присутен на овој саем повеќе години во соработка со своите партнери со кои имаме успешно изработено поголем број на комплексни проекти. Како и претходните години, фокусот на нашата компанија е да ги презентира проектите изработени во соработка со најголемите компании во својот домен (Green Hills, STMicroelectronics и други) и да покажеме дека нашите експерти имаат вештини кои се на високо завидно ниво. Преку присуството на вакви настани, имаме можност дополнително да се информираме за новостите во вградените технологии и да воспоставиме комуникација и соработка со нови партнер и потенцијални клиенти,”изјави Благој Купев, менаџер на Дивизијата за вградени технологии во Сеавус.

Уште од своето основање во 2003 г., конференцијата Embedded World е посветена на дизајнерите и креаторите на вградените системи, што ја прави да биде едно од најважните места за размена на иновации во рамките на самата заедница за вградени системи.

За повеќе информации: info@seavus.com www.seavus.com
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија