Од сега сите електронски медиуми, компании за развој на технологии и кративни бизниси имаат
можност да бидат економски и логистички поддржани од Seavus Инкубаторот – најновиот и до
сега најголем општествено одговорен проект на IT гигантот Seavus.
Имено, Seavus опреми мултифункционален инкубатор наменет за сместување на развиени и старт
ап компании. Програмата за инкубирање е со назив dot.up и предвидува 3 категории на бизниси
кои можат да ги користат условите на инкубаторот:
1. dot.up media – програма за поддршка на медиуми,
2. dot.up technology – програма за поддршка на компании за развој на софтвер, други
технологии, иновации и од областа на Internet of Things,
3. dot.up creative – програма за поддршка на компании од креативни индустрии.
Компаниите кои ќе бидат сместени во Seavus инкубаторот ќе работат во креативен,
мултифункционален, технолошки опремен простор. Покрај просторот, компаниите ќе добијат и
останати фасцилитаторни услови за развој: вмрежување, бизнис менторства, обуки како и
експертизата и иксуството на Сивус. Посебен акцент е ставен на програмата dot.up media,
наменета за поддршка на медиуми и развојот на истражувачко новинарство како двигател и услов
за развој на општеството и економијата.
Со работилница Моќта на менторството, која се одржа изминатата среда, поддржана од SECO
програмата за претприемништво, финансирана од швајцарскиот SECO и имплементирана од
страна на Swisscontact, официјално и започна со работа инкубаторот.
Инкубаторот е комплетно подготвен и оперативен. Пет компании од креативните и
информатичките индустрии веќе го користат просторот.
Со овој проект, Seavus директно го олеснува развојот на претприемништвото, медиумите и
креативните индустрии. Овој проект е до сега најзначајниот општествено одговорен подвиг на
Seavus, чија мисија е економски развој, поттик на микростопанството, како и поддршка на
независното и истражувачко новинарство.