Дизниленд наскоро ќе го отвори „Пандора“ - магичниот свет на Аватар кој претставува големо проширување на Кралството на Дизни чие отворање е на 27 мај.
Новата атракција ќе вклучува возење низ биолуминисцентни дождовни шуми, прошетка низ лебдечките планини и многу други мистериозни искуства. Патувањето низ Пандора ќе заврши со средба со Нa'ви шаман кој испраќа позитивна енергија во шумата преку нејзината музика.
Боб Чапек, претседател на
Дизни паркот, вели дека новата атракција претставува чекор напред за целото одморалиште на Флорида.