21.03.2017
Живот
Најголемиот Македонец гостин во студиото на ФН
Миле Паника на час по тенис ни ги открива најдобрите начини за употреба на рекет и за удирање на спин. Саша Барон Коен, пак, открива која му е омилената македонска песна, воедно давајќи поддршка за нашата земја.
Ова се само дел од содржините кои ја прават епизодата 17 на „Фчерашни новости“ една од најдобрите до сега.
Во неа екипата се обидува да го пронајде загубениот багаж на претседателот Иванов и да ги истражи кадровските промени во судството.
Во студиото гостува и најголемиот Македонец.
Екипата на „Фчерашни новости“ будно следи што се случува, за следната недела повторно да може да дознаете последни. Следи епизодата 18, а дотогаш посетете ги официјалните страници на најдобрата забавно-сатирична телевизиска емисија.