X
 31.03.2017 Образование

Чуден критериум за дипломирање

пливање
Фото: Reuters/Jason Reed

Студентите од кинескиот универзитет Чингуа, кој се смета за Харвард на истокот, не можат да дипломираат додека не го положат испитот кој од нив бара да испливаат 50 метри.

Оние кои нема да го положат испитот, не само што нема да добијат диплома, туку и нема да можат да искористат некои можности за студирање во странство. За овој испит организирани се подготовки како и за другите испити, а тие траат во текот на летниот распуст кога се посетуваат часови по пливање.

Директорот на универзитетот, Лиу Бо истакнува дека овој испит на студентите им овозможува да бидат поздрави и во подобра форма. Тој вели дека сличен тест имало и во 1915 година кога започнала наставата на универзитетот, но поради недоволен капацитет за пливање и намалениот број на студенти, со текот на времето бил укинат.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование