Кога Карен Касмауски, фотограф за „National Geographic“ го посети сирискиот камп за бегалци во Јордан, таа очекувала да види она што постојано е прикажано на вестите - хаос, страв и траума.
После се`, милиони Сиријци беа принудени да ги напуштат нивните домови поради граѓанската војна во Сирија, а половина од бегалците се деца или тинејџери.
Но, и покрај ужасните и страшни околности во кампот за бегалци Азрак, Касмауски исто така забележала надеж. Во центарот на оваа надеж беше група на млади ученици кои таа ги запознала, од кои сите барале образование. Затоа, таа решила да го овековечи моментот.
Сите учениците учење англиски во сирискиот камп, а кампот бил поддржан од Фондот Малала.
Учениците со кои таа се запознала биле од Сирија кои нашле засолниште во Јордан, а денес ги посетуваат помошните часови во „Relief International Makani Plus Centre“ преку програма финансирана од фондот на Малала Јусуфзаи. Малала, која е активист за тинејџерско образование, и која го преживеа обидот за нејзино убиство од страна на Талибанците, смета дека образованието може да направи голема разлика за децата бегалци.
„Кога јас бев бегалец, сонував да го продолжам моето образование“, вели таа.
Во јорданскиот камп за бегалци моментално се сместени околу 30.000 бегалци, но полн е само една третина. Фондот Малала обезбедува секоја девојка да има можност да посетува безбедно и квалитетно школување. Според веб страната на Малала, една третина од децата во светот кои не добиваат образование во воени зони како Сирија. Главната наставничка во училиштето, Јамалат е исто така сириски бегалец.
Таа волонтира во училиштето и гледа дали нејзините ученици посетуваат настава, а нејзиниот клас понекогаш може да е составен од 50 ученици.
Јамлат и другите наставници одржуваат часови за учениците да можат да го продолжат своето образование во Јордан откако ќе го напуштат кампот. Исто така, таа овозможува часови на отворено за учениците да се и физички активни. Поголемиот дел од класот се девојчиња од основно и средно образование.
„Ентузијазмот на учениците за учење е очигледен, а нивните наставници се навистина инспиративни“, пишува Касмауски во есејот за посетата на кампот.
„Животот во камп за бегалци дефинитивно не е лесен. Девојчињата кои ги сретнав често пати зборуваат за нивниот дом со убави спомени. Меѓутоа поддршката која ја добиваат преку училиштето им дава надеж дека успешно ќе го завршат образованието од јорданскиот образовен систем. Овие млади девојки се соочуваат со огромни тешкотии, но нивната страст за учење станува се` посилна“, пишува таа.
Линк до галеријата.