X
 31.03.2017 Технологија

Лоши вести за корисниците на iPhone 5

iphone

Постои шанса сопствениците на постари iPhone телефони наскоро да бидат принудени да направат надградба на телефонот, со оглед на тоа што се очекува „Apple“ да ја прекине поддршката за претходните верзии на нивните телефони - со што во суштина телефоните стануваат бескорисни и ранливи на хакирање.

И покрај тоа што е поддржан од iOS 10.3, ажурирањето кое „Apple“ претходно оваа недела, телефоните iPhone 5, iPhone 5s и четвртата генерација на iPad се изоставени. Ова го открија аналитичари кога ги анализирале кодовите на iOS 10.3.2 бета, кој станал достапен за девелоперите кратко време после објавувањето на iOS 10.3.
Ваквиот потег веќе беше најавен од „Apple“ - кога корисниците отвориле 32-битен софтвер во iOS 10.3, им следувала порака која велела дека апликацијата нема да работи со идните верзии на iOS.

ИТ специјалистот Зеф Меклерн на Твитер профилот постира фотографија од кодот на „Apple“ покажувајќи дека компанијата воопшто не споменала постари 32-битни уреди во ажурирањето на iOS - само модерните iPhone телефони со 64-битен процесор.

Ова не е прв пат „Apple“ да ја поништи поддршката на постарите уреди, иако ваквиот потег обично доаѓа со ново големо објавување на iOS. Пример за ова е кога „Apple“ ја поништи поддршката на iPhone 4S, првиот iPad mini i петтата генерација на iPod кога го претстави iOS 10.

Иако вестите може да се вознемирувачки за сопствениците на iPhone 5, ова е дел од континуираниот притисок на „Apple“ кон повлекување на сите корисници на 64-битни уреди.

Иако уредите ќе функционираат теоретски, на нив не може да се инсталираат најновите апликации.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија