X
 26.07.2019 Технологија

Нови правила на „Фејсбук“ - малолетниците повеќе нема да гледаат реклами за цигари и алкохол

„Фејсбук“ планира да ја ограничи продажбата и содржините поврзани со алкохол и производи од тутун, вклучувајќи ги и електоронските цигари. Новата политика, што веќе стапи во сила, ќе ги забрани сите приватни продажби, размени, трансфери и подароци од алкохол и тутун на „Фејсбук“ и „Инстаграм“. Бизнисите што објавуваат содржини поврзани со алкохол и тутун, наводно ќе треба да ги ограничат содржините за луѓето од 18 години и постари.

- Ја ажурираме нашата политика за регулирана стока за да ја забраниме продажбата на алкохол и производи од тутун меѓу приватните лица на „Фејсбук“ и „Инстаграм“ - се вели во изјавата на „Фејсбук“.

Групите на „Фејсбук“ создадени за продажба на алкохол и производи од тутун, исто така се предмет на новите правила, а администраторите на групите се предупредени за промените. Продажбата на тутун и алкохол веќе е забранета во „Фејсбук Маркетплејс“.

Новата политика не важи за сите инстаграм-постови и фејсбук-постови. Објавите за алкохол и тутун што не се обидуваат да ги продадат директно, и понатаму се дозволени. Инфлуенсерите, кои се платени за промоции на производи, ќе можат да објавуваат содржини за цигарите. Овие објави нема да бидат ограничени по возраст.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија