Интерактивната апликација Skopje ZOO ви овозможува да влезете во дивиот свет на Зоолошката градина преку екранот на вашиот мобилен телефон. Една од главните функционалности на апликацијата се онлајн-билетите, кои можете да ги купите каде и да сте, за да ги избегнете редовите на чекање и да останете безбедни во време на препорачана социјална дистанца.
Сите корисници на Magenta 1 промотивно добиваат бесплатен билет за посета на скопската ЗОО, кој може да се искористи до 31 октомври. Секоја мобилна линија од Magenta 1 фамилијата може да го активира бесплатниот електронски билет само преку апликацијата TelekomMK. Имајте го билетот на вашиот смартфон, покажете го на билетарница и избегнете го редот.
Апликацијата Skopje ZOO ви нуди и интерактивна едукација со интересни податоци за животните. Повеќе од 500 животни од 83 вида се организирани според категории за да можете полесно да се снајдете и да го надополните вашето искуство како посетител.
Освен едукација и онлајн-билети, апликацијата содржи и дигитална мапа за навигација, која ќе ви покаже патека како најлесно да стигнете до живеалиштето на вашето омилено животно.
Таа е достапна за сите посетители, во три јазични верзии, едноставна е за користење и нема потреба од креирање кориснички профил.
Преземете ја бесплатно апликацијата Skopje ZOO од:
„Гугл плеј“ и „
Епл стор“.
Активирајте го електронскиот билет преку
апликацијата TelekomMK, преку категоријата „Промотивен билет за Скопје ЗОО“.
(Комерцијална објава)