Капитенот на македонската ракометна селекција, Кирил Лазаров, денес на прес-конференција одржана во клубот „Бо Боулинг“ во Скопје го промовираше третото издание на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“, во организација на агенцијата КМГ Спорт.
Кампот како и претходните две и оваа година ќе се одржи во хотелот „Аквалина“ во Охрид, во две смени од 20 Јуни до 02 Јули и на истиот учество ќе земат околу 300 ученици од земјата но и од 10-тина други земји од регионот и пошироко.
- „ Искрено, се чуствувам многу среќен што изминатите две години растевме како камп и како организација, децата се задоволни и го повторуваат своето учество. Сакам да упатам јавна благодарност до сите учесници и нивните родители за довербата, бидејќи јас и самиот сум родител и знам дека не се пушта лесно дете надвор од дома. Се радувам што овие деца не доаѓаат на кампот само заради името Кире Лазаров, туку и за кавлитетна работа. Од друга страна би сакал да ја потенцирам важноста на нашите партнери во овој проект, нивната подршка во подигањето на станардите кои ги постигнавме минатите години и медиумите кои безусловно не подржуваат и имаат ваѓна улога во промовирањето на идејата на кампот.
Секоја година се трудиме да донесеме што поквалитетни тренери кои нема да се повторуваат и кои имаат што да презентираат пред учесниците на кампот, тренери кои доаѓаат нашата земја но и тренери од земји кои нешто значат во ракометот“ - Кирил Лазаров.