Индивидуалноста е преценета, би рекле некои. Тоа посебно може да се примети во помалите компании, кои мораат повеќе да се потрудат како би дошле до препознатливи резултати. Тимот е тој кој што ги носи резлутатите. Тимот е тој што креира, тој што инспирира. Само со тимска работа може да се креираат интегрирани решенија кои може да бидат од поголемо значење. Заедничкиот напор на сите поедници е тоа што претпоставува дека ќе се стигне до резултат.
Неколку дневно дружење го зближува тимот, го право компактен и го јакне заедништвото. Секој поединец се чувствува значаен дел од една целина, и станува помотивиран.
Исксуствата покажуваат дека секој тим билдинг е многу важен дел од развојот на една компанија, независно дали е мала, средна или голема. Тоа е важна алатка, која придонесува кон поголема продуктивност, и подобри крајни резултати.
Инвестирајте во тимот! Организирајте тим билдинг на брегот на Охридското крајбрежје, во автентичното и преубаво Љубаништа.
П.С. Идеално место за тим од 20-30 вработени