X
 06.05.2017 Технологија

Родова нееднаквост во „Facebook“?

Жените инженери кои се вработени во „Facebook“, се соочуваат со родови предрасуди кои придонесуваат до помало прифаќање на нивните кодови за разлика од нивните машки колеги, според студиите објавени во „Wall Street Journal“.


За компанијата, овие откритија ја ставаат под знак прашалник различноста и целта да се изградат сеопфатни онлајн системи за луѓето ширум светот. Во компанијата само 33 проценти се жени, од кои 17 проценти имаат техничка улога, а 27 проценти се на лидерски позиции.

Според студијата, кодовите напишани од женските инженери помалку поминуваат низ внатрешниот систем на компанијата. Што значи, дека нивните кодови и помалку се прегледуваат. Некои сметаат дека тоа не се должи на полот туку на инженерскиот ранг. Сепак, во тој случај се поставува и прашањето дали жените вработени во компанијата ја имаат истата можност за зголемување на рангот, како и мажите. Или пак, жените многу често ја напуштаат компанијата пред да бидат унапредени.

Од компанијата, велат дека студијата е некомплетна и базирана на недоволни информации. Но, тоа не го отфрла податокот дека жените вработени имаат потешкотии во придонесувањето кон кодовите за разлика од машките колеги. Од компанијата истакнуваат дека недостигот на жени инженери е генерален проблем во целата индустрија и тоа бара соодветно решение, а не е проблем само на „Facebook“.
Подготвил: Маја Пероска

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија