Берлин е првата сојузна покраина во Германија што го прогласи Меѓународниот ден на жените, 8 Март, за неработен ден.
- Оваа одлука е голем сигнал за напредокот во процесот на постигнување рамноправност меѓу мажите и жените - истакна Дери Чаглар, портпарол за рамноправност на пратеничката група на Социјалдемократската партија на Германија (СПД).
Одлуката ја доби поддршката и од Левицата и од Зелените, со кои СПД во Берлин е во владејачка коалиција.
Христијанско-демократскиот сојуз на Германија (ЦДУ), Слободната демократска партија (ФДП) и Алтернатива за Германија (АфД) ја критикуваа одлуката и се залагаа Денот на реформацијата да биде прогласен за неработен.
Зелените ја отфрлија оваа идеја, велејќи дека станува збор за верски празник, само за протестантите, додека Денот на жените е
празник за сите жени.