X
 07.05.2017 Наука

Српските научници повторно против Дарвиновата теорија за еволуцијата


Чарлс Дарвин
(Фото: Pixabay)

Над 200 академици, професори, лекари, инеженери, испратија петиција за ревизија на изучувањето на теоријата за еволуција во училиштата и  на факултетите до Министерството за просвета и техолошки развој, Комисијата за образование, наука и технолошки развој во Собранието, Претседателството на САНУ, како и до сенатите на Универзитетите во Белград, Нови Сад, Ниш, Крагуевац и Бања Лука, пишува „Данас“.

Петицијата против изучувањето на Дарвиновата теорија ја потпишаа 52 академици, научни советници и универзитетски професори, 61 доктори на науки, 5 магистри, пеесеттина лекари специјалисти, 24 инженери, 19 професори во средни училишта, 14 филозофи, филолози и социолози, 25 дипломирани правници и економисти, 5 фармацевти и хемичари, 8 уметници, 5 новинари и 5 свештеници.

Ова не е прва ваква иницијатива. Во септември 2004 година, тогашната министерка за просвета, Љиљана Чолиќ, објави декрет за изоставување на Дарвиновата теорија за еволуцијата од наставните програми по биологија за осмоодделенците, но најголемиот дел од стручната и научната јавност го оцени тоа како „крајно бизарен потег“, што резултираше со оставка на министерката.

Во петицијата, меѓу другото, стои дека „низ наставата по биологија, теоријата за еволуцијата зазема сè потврди неодарвинистички догматски ставови“.

„Глобалистите и атеистите, кои денес во светот ги заземаат највлијателните позиции, од лични и глобалистички причини, ја афирмираат теоријата за еволуција и ги финансираат нејзините промотори. Денес низ цел свет се јавуваат бројни признати научници, меѓу кои има и значаен број атеисти, кои предупредуваат дека теоријата за еволуција е хипотеза чии ставови за настанокот на светот, животот и човекот се научно недокажливи или во спротивност со научните факти“, се наведува во објаснувањето на петицијата.

Петицијата ја потпиша и поранешната министерка, и тоа со задоволство, како што самата наведува.

„Дарвиновата теорија ги навредува верниците на Српската православна црква и првенствено заради тоа, јас бев на мислење дека треба да се изостави од наставните програми“, вели Чолиќ, додавајќи дека теоријата за еволуција и тврдењата дека човекот настанал од мајмун е навреда за сите верници, а не само за  православците.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука