X
 02.12.2017 Живот

Се забранува гирото во Грција?

гиро

Грците со неверување ја прочитаа веста дека поради безбедносни причини ќе ги забрани ќебапот и гирото, а хаштагот #Free_Gyros стана тренд на грчкиот „Твитер“.

„Дозволија конзерванси насекаде, ги бомбардираа малите деца, а им пречи гирото“.

„Значи ќе започнеме со криење да го јадеме гирото, нелегално во подрумите и во скриени локали? Ни го забрануваат гирото? Ваква Европа сакаме?“

Ќебапите и гирото во Грција се под контрола на Европскиот парламент, каде што се наоѓаат и пратеници од Европската комисија за фосфати во брзата храна низ Европа. Сега гирото и ќебапите се под закана да бидат забранети во Грција, што претставува вистински хорор не само за Грција, туки и за сите љубители на оваа храна.

Европскиот парламент даде забелешки на предлогот на Европската комисија да дозволи употреба на фосфати, вклучувајќи ја и фосфорната киселина во месото за гиро и за ќебапи.

До овој потег дошло за време на научните прегледи во 2012 година за можна врска помеѓу фосфатите кога се користат како адитиви за храна и болестите на срцето - но доказите тогаш останале неусогласени.

Правилата на ЕУ обично забрануваат употреба на фосфатни адитиви во подготовката на месото, што се користат за заштита на вкусот и спречуваат да се суши месото, но постојат одредени исклучоци.

Љубителите на гирото и ќебапите во Европа сега ќе мораат да го почекаат гласањето што ќе се одржи помеѓу 11 и 14 декември во Стразбур, за да се дознае дали нивната омилена храна и понатаму ќе може да се служи со иста текстура и вкус како досега.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот