X
 08.05.2017 Живот

Неделна временска прогноза

Денес е понеделник, 8 мај 2017 година, 128-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:17, а ќе зајде во 19:42 часот. Денот ќе трае 14 часа и 25 минути.


Фото: Pixabay


Во раните утрински часови само во крајните југоисточни предели имаме претежно сончево време со локална облачност, а во останатите предел преовладува умерено облачно време. Локално во крајните западни предели постојат услови за сосема слаби врнежи од дожд.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес ќе биде умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, ветровито и свежо време. Ќе дува доумерен северозападен и западен ветер кој ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури ќе бележат благ пораст во однос на претходните денови ќе се движат од 5 до 12 степени, додека пак максималните дневни ќе бидат во опаѓање и ќе достигнат до 9 односно до 22 степени, температури кои што се под просекот за овој период од годината. Ув индекс 5

СКОПЈЕ - Во Скопје денес ќе биде умерено облачно и нестабилно време со услови за слаби врнежи од дожд, ветровито и свежо време. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринската температура од 11 степени, а максималната дневна до 19 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во вторник умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд. Утринските температури од 4 до 13 степени, додека пак максималните дневни температури ќе се движат од 10 до 22 степени. Во среда умерено облачно време со повремени сончеви периоди, попладне само во крајните западни предели со услови за врнежи од дожд. Минималните од 2 до 11 степени, а максималните од 12 до 24 степени. Во четрврток се очекува стабилизација на времето и посвежо утро со утрински температури од 0 до 9 степени, а во текот на денот претежно сончево и топло време со максимални 17 односно 29 степени. Во петок умерено облачно време со сончеви периоди и многу топло, утринските температури од 7 до 16 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 20 односно до 32 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот