X
 10.06.2017 Технологија

Јапонија до 2025 година ќе има „паметни бродови“

Јапонските бродски компании планираат до 2025 година да почнат со користење на „паметни бродови“, кои ќе се движат со помош на вештачка интелигенција. Таа технологија ќе ги бира најбезбедните и најкратките насоки и ќе штеди на гориво.

фото извор: Pixabay

Вештачката интелигенција ќе се користи и за предвидување на дефекти и други проблеми кои би можеле да помогнат во намалувањето на бројот на поморски инциденти. Компаниите планираат да изградат околу 250 бродови. Се очекува ваквиот развој на технологијата да чини стотици милиони долари.

Компаниите за транспорт „Mitsui OSK Lines“ и „Nippon Yusen“ соработуваат со бродоградителите како што се компанијата „Japan Marine United“, со која ќе ги поделат трошоците и ќе разменат стручност. „Nippon Yusen“ веќе работи на технологија која овозможува бродовите да користат податоци за процена на ризик од судир. Исто така, соработуваат и со Норвешката компанија „DNV GL“ за собирање и анализа на податоци за состојбата на бродовите и нивните перформанси.

„Japan Marine United“ пак, се задолжени за развивање на систем кој ќе предвидува дефекти.

Првите бродови ќе имаат мал екипаж кој ќе надгледува одредени операции, но постојат планови за развој на целосно автоматизирани бродови во иднина.

Компанијата „Rolls-Royce“ минатата година најави планови за развој на бродови без човечки екипаж, започнувајќи со оние со далечинско управување кои би можеле да бидат оперативни од 2020 година.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија