Првата фарма со ветерници во светот почна да плови по североисточниот брег на Шкотска.
Фото: bbc.com
Со помош на револуционерната технологија ќе се користи силата на ветерот. Питерхед-фармата на ветар, позната како Хајвинд, е пробна верзија која се очекува да напојува со енергија 20.000 домови.
Производителот „Статоил“ се надева дека таа ќе направи бум во технологијата, особено во Јапонија и на Западот на САД каде што водите се длабоки.
Во моментот една огромна турбина веќе функционира, додека четири чекаат да бидат пуштени во норвешките фјордови. Додека турбините се моментално многу скапи за да се произведат, „Статоил“ верува дека во иднина трошоците ќе се намалат.
• Кулата, вклучувајќи ги и ножевите, се протега до 175 метри, а тежи 11.500 тони.
• Секој од ножевите е долг 75 метри.
• Турбините можат да работат во вода до 1 километар длабочина.
• Фокусот најмногу е свртен кон сечилата, кои ги одржува посебен софтвер.
По ставањето во функција почна да паѓа и цената на електричната енергија, а се очекува да паѓа и понатаму.
Меѓутоа, постои став дека илјадници морски птици ќе бидат убиени. Но, сите се ентузијасти за ова ново технолошко откритие, за кое се верува и дека ќе влијае врз климатските промени.
Пловечките турбини можат да креираат нови граници за енергијата, но научниците од Меѓувладиниот панел за климатски промени предупредуваат дека се потребни уште многу инвестиции во дополнителни
технологии од владата за да се одржат ветувањата за намалување на емисиите на јаглероден диоксид.
Фото: bbc.com