„The Restaurant of Order Mistakes“ вработува келнери со деменција и никогаш не знаете што ќе добиете.
фото извор: Mizuho Kudo
Овој ресторан кој пробно работел од 2 до 4 јуни, сосема свесно вработил персонал кој има деменција и кој може да ви донесе погрешна нарачка. Но, доколку тоа го знаете, тоа ја менува вашата перцепција за оние кои патат од таа болест на мозокот. Искуството прави да ги разберете проблемите со кои се соочуваат луѓето кои патат од деменција, но и да сфатите дека тие можат да бидат корисни членови на општеството.
Блогерката која се бави со храна, Мизухо Кудо, го посетила овој ресторан. Нарачала хамбургер, а но добила кнедли кои се покажале како неочекувано вкусни. Кудо исто така напишала дека келнерите имале широки насмевки и сите одлично се забавувале.
фото извор: news.yahoo.co
Сега, по пробниот период, еден од сопствениците на
ресторанот, планира организирање на уште еден ваков проект во септември, за да се одбележи Светскиот ден на Алцхајмеровата болест, 21 септември.