Волнените џемпери се задолжителни во текот на зимата. Оваа година дури и ресторан на „Мекдоналдс“ беше „облечен“ во волнена облека. Еден од рестораните на познатиот американски синџир за брза храна во Полска стана најфотогенична локација во оваа земја откако го смени рувото.
Станува збор за ресторан во полскиот град Устрон, кој бил обвиен во огромни плетени конци од волна во разни бои на крајот од 2022 година. Оттогаш ресторанот привлекува големо внимание бидејќи многумина доаѓаат во градот само за да се фотографираат пред ресторанот.
Интересно е и тоа што и внатрешноста на ресторанот е украсена со волнен материјал и меки украси.
Американскиот гигант на овој начин сакал да го промовира новото зимско мени во Полска. На проектот работеле 50 работници во период од пет месеци.
Извор: Klix
Насловна фотографија: Instagram