X
 16.06.2017 Наука

Пронајден најстариот хомо сапиенс на неочекувано место

До сега се сметаше дека луѓето прв пат се појавиле во Источна Африка пред околу 200 илјади години. Сега, научниците објавуваат дека откриле фосили на хомо сапиенс кои се многу постари, над 100 илјади години постари од до сега познатите. Фосилите се пронајдени на изненадувачко место: Џебел Ирхоуд, Мароко.

фото извор: Max Planck Institute for evolutionary anthropology

Можеби е време повторно да се испишат почетоците на хомо сапиенсот кој според новите податоци, се претпоставува дека целосно се формирал во Источна Африка. Фосилите кои биле пронајдени во Мароко во раните 80-ти, изгледале примитивно. По низа истражувања, биле откриени дополнителни 20 коски од околу 5 индивидуи и се проценило дека датираат од пред околу 130 илјади години. Според деталните анализи, се проценило дека се работи за хомо сапиенс, заради формата на черепот, вилицата, забите.

Заклучокот е дека лицата на хомо сапиенсите се развиле пред нивните мозоци да еволуираат во моменталната структура. Експертите сега веруваат дека луѓето можеби еволуирале одделени, на повеќе локации во Африка. Нивните мислења се поделени, со оглед на изненадувачките резултати, но сепак сите се согласуваат дека пронајдените фосили имаат многу сличности со денешниот човек.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука