X
 24.04.2018 Економија

Места во светот каде што луѓето се „убиваат“ од работа



Најновите податоци на Организацијата за економска соработка и развој (OECD) покажуваат дека работниот ден најдолго трае во Мексико, а Германците имаат најкратко работно време.

Истражувањето на OECD утврдило дека просечен Мексиканец работи 2.255 часа годишно, односно околу 43 часа неделно. Во Европа, најдолга работна саатница имаат Грците, кои работат просечно 2.035 часа годишно.


Градежен работник
(Фото: Pexels)


Во споредба со Мексиканците и Грците, Германците на работа трошат скромни 1.363 часа годишно, што е речиси за третина помалку отколку во Мексико. И во САД саатницата е значително помала отколку во Мексико бидејќи Американците во просек поминуваат 1.783 часа на работа.

Различни културни ставови и социо-економски фактори играат клучна улога во бројот на работни часа што работодавците ги очекуваат од работниците.

Во Мексико долгогодишните стравови од невработеноста, заедно со слабите закони за работни односи, придонесоа максималната 48-часовна работна недела ретко да се применува.

Од друга страна, во Јужна Кореја работниот ден трае подолго поради стремежот да се зајакне економскиот раст.

Сепак, со оглед на загриженоста поради социјалните проблеми, кои вклучуваат ниска стапка на наталитет и забавување на продуктивноста, претседателот Мун Џае-ин го поттикнал намалувањето на работното време во земјата и на работниците им овозможил „право на одмор“.

Кога станува збор за Јапонците, во светот познати како големи работници, изгледа дека сепак работат под просекот на OECD. Наспроти тоа што станува збор за прекумерна работа, просечниот јапонски работник работи 1.713 часа годишно. Јапонската влада морала своевремено да ја ограничи прекувремената работа.

Како што стојат работите, изгледа дека должината на работниот ден не влијае многу врз продуктивноста. Најдобар пример за тоа е Германија, инаку членка на OECD, која и наспроти најкратката саатница, успева да го задржи високиот степен на продуктивност. Всушност, просечниот германски работник е 27% попродуктивен од британските колеги.

Холанѓаните, Французите и Данците исто така работат во просек помалку од 1.500 часа годишно.

Во видеото погледнете што кажува науката за тоа колку би требало да трае работниот ден:


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија