X
 19.06.2017 Технологија

„BIKI“ - Првиот подводен дрон

„BIKI“ е првиот подводен дрон на светот, кој е воедно и единствениот подводен робот со карактеристики како што се автоматска рамнотежа, избегнување на препреки и враќање во база.

фото извор: YouTube

Со овој интелигентен робот во облик на риба можете да го набљудувате подводниот свет од сосема нова перспектива. Креиран е од „Robosea“, млада кинеска компанија, која сака да се докаже и да стане светски познат бренд.

BIKI“ е креиран за да помогне во откривањето на подводниот свет. Бежичен е и со него може лесно да се управува и од голема далечина. Содржи квалитетна камера со висока резолуција и може да сочува до 32 GB информации во интерната меморија, а опремен е и со GPS, па има и опција за автоматско враќање во базата. Со едно полнење има до 120 минути автономија, а може да рони до длабочини од 60 метри.

Не е наменет само за истражување, туку и за забава, бидејќи може да се користи како подводна камера за летување или во базен. Уште не е достапен на пазарот, а до крајот на годината се претпоставува дека можеби ќе се најде во слободна продажба по цена од 600 до 1000 долари.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија