X
 08.08.2017 Економија

Како се движат платите во нашиот регион?


Банкноти евра
(Фото: Pixabay)


Познато е дека на југоисток од Европа платите се под просекот на Европската Унија, па еве колку се заработува на Балканот.

Најголема просечна плата во регионов според податоците за месец мај била исплатена во Словенија – 1.050,78 евра, а најниска во Македонија, и изнесувала само 372,55 евра.

Истовремено, просечната плата во Хрватска била 813,17 евра, во Црна Гора 510 евра (податок за месец јуни), Босна и Херцеговина – 439,71 евра, а во Србија 409,63 евра.

Интересно е дека според состојбата, минатата година најмногу се покачила просечната плата во Хрватска, и тоа за 63,47 евра, а најмалку во Црна Гора, само 7 евра.

Кога станува збор за растот на просечната плата во регионот во однос на минатата година, втора „најбрзорастечка“ просечна плата била во Србија, каде што се покачила за 39,93 евра, како и Словенија – каде што пораснала за 30,38 евра. Најниско ниво на пораст имале Босна и Херцеговина, само 11,71 евра, и Македонија, со само 9,05 евра.

Просечната плата на крајот од минатата година во Словенија изнесувала 1.020,40 евра, во Хрватска – 749,70 евра, Црна Гора 503 евра, Босна и Херцеговина – 428 евра, Србија 369,70 евра, а во Македонија само 363,50 евра.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија