X
 11.08.2017 Наука

Топлите пијалаци во топлите денови всушност може да ве разладат

Топлите пијалаци можат да ве разладат до одреден степен. Ова го покажува студијата на Оли Џеј, кој заедно со својот тим, составен од 9 мажи, возел велосипед 75 минути со фен кој дувал во него. Волонтерите пиеле вода чија температура се движела од ледено студена до жешка.


Истражувачите откриле дека мажите што возеле и пиеле топла вода изгубиле 56 килоџули повеќе енергија во форма на топлина во споредба со оние што пиеле вода на собна температура. Но, кога волонтерите пиеле студена течност, тие се здобиле со 21 килоџул повеќе енергија во споредба со истата ситуација.
Парадоксална состојба во која доколку се консумира студен пијалак се чувствува постуден кога се внесува, но всушност не прави да се чувствувате разладено, бидејќи се намалува потењето.

Клучот за размена на енергија е во добро потење. Пиењето топли пијалаци предизвикува повеќе потење, додека студените пијалаци ве изладуваат, но не доволно. Треба ли сите да пијат топли пијалаци во жешка средина? Најверојатно не. Рецепторите во стомакот не се единствените рецептори во нашето тело. Можеби е разладен вашиот стомак, но не и остатокот од организмот.

Заклучно, рецепторите за температура во стомакот се „виновни“ за чувството на олеснување кога во топли денови пиете топло кафе, а потоа ќе се испотите. Сепак, ако сакате добро да се разладите, можеби сепак е најдобро да останете во затворена изладена просторија и да не се изложувате директно на сонце.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука