X
 29.08.2017 Технологија

„Гугл“ ја воведува опцијата што корисниците едвај ја чекаа

opcija
Фото: YouTube Screenshot

На сите им се познати веб-страниците што автоматски ги вчитуваат видеоклиповите, кои освен што се нападни, често имаат и силен звук.

Токму затоа „Гугл“ ја тестира новата опција што на корисниците ќе им овозможи да ги „замолчат“ овие страници.

Гласните веб-страници со години ги нервираат корисниците, но сега со новата опција ќе можат да им стават крај. Опцијата е доста едноставна за користење. Сè што треба да направите е да кликнете на иконата „Security“, сместена десно од името на веб-адресата, а потоа да ја изберете опцијата „mute“.

Забраната за звук ќе трае сè додека самите не одлучите да ја исклучите. Целта на оваа опција е, освен да ја намалите вревата, да се натераат веб-страниците да не користат алатки за автоплеј на видеата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија