За некои луѓе човечкото тело не е храм. Наместо тоа, тие го гледаат како извор на фрустрации благодарение на ограничувањата во однос на моќната технологија која е достапна денес. Во последните неколку години, заедница на биохакери се подложија на експеримент кој го подобруваат човечкото тело со технологијата.
Повеќето биохакери денес вршат операции врз себеси и на тој начин учат. Најчестиот имплант кој биохакерите го извршуваат се радио фреквенциите (RFID), денес во форма на NFC верзија. Издржливоста и сигурноста не се проблем. Меѓутоа потребна е надворешна технологија за пренос на имплантот, кој нема батерија.
Во последните неколку години видовме голем број компании кои започнуваат да спроведуваат ваков вид на импланти. Во јануари 2015 година беше објавено дека на неколку стотици канцелариски работници во Шведска им бил ставен чип. Со нивните чипови тие можеле да ги отвораат вратите и да го приклучат фотокопирот.
За биохакерите, опсегот на можна технологија која може да биде вградена е широка и креативна. Развивачот на софтвер и биохакерот Тим Канон има голем број импланти, а најновиот е „Northstar“ кој се приклучува кога во близина има магнет. Неговата компанија во Питсбург, всушност развива технологија за биохакерите.
И уметниците се вклучуваат на вградувањето технологија. Мун Рибас има сеизмички сензор вграден во лактото кој ѝ овозможува да чувствува земјотреси преку вибрации. Во меѓувреме Нил Харбисон, кој е далтонист, има камера прикачена на неговиот череп, а различните бои предизвикуваат фреквенција на вибрации до неговиот череп со што тој ги разликува боите.
Неколку
биохакери имаат магнети вградени во нивните прсти поврзани со надворешни сензори. Ова им овозможува да ја почувствуваат далечината на предметите и топлината. Но, најнапредниот пример е нешто што се нарекува невро-хакирање кое вклучува менување на мозокот или нервниот систем. Со ваквиот вид на уреди можат да се контролираат роботски раце и да се стимулира мозокот. Истиот имплант се користи во терапиите и им овозможува на парализираниот пациент да преземе контрола врз сопствената рака.
Секако дека постојат потенцијални придобивки од биохакирањето, што ние веќе ги гледаме во употребата на невро-контролираната протетика. Но со текот на времето ќе видиме дали овие импланти ќе можат да се искористат во подобрувањето на меморијата или во комуницирањето со мислите.