X
 24.09.2017 Култура

Што ракописот на Ајнштајн открива за неговата личност?

ајнштајн

Знаеме прилично многу за Алберт Ајнштајн - од неговата теорија на релативноста, неговата улога во отпочнување на проектот Менхетен до неговата љубов за виолината. И покрај тоа што има многу податоци за овој генијалец, дали навистина знаеме што се случувало под површината?

За да се обиде да дознае нешто повеќе за овој генијалец на 20-от век, веб-страницата „Curiosity“ со помош на три експерти за ракопис се обиде да ги анализира равенките и цртежите на Ајнштајн. За да биде поинтересно, тие не им кажале на експертите за чиј ракопис станува збор.

Експертите ги анализирале:

- Ракописот на Ајнштајн;
- Неговито цртеж од брод;
- Неговиот цртеж од жена;
- Неговиот цртеж од птица што зборува на германски

1
Фото: Collection of the Historical Society of Princeton


Анализирање на ракописот


„Ова е човек со длабока моќ на концентрација кој обично е скептичен. Нештата мораат да му бидат докажани и тој не е задоволен од површни одговори. Тој има „испитувачки“ ум и има комплицирани мисли кои не би ги разбрале останатите луѓе“, вели експертот Дејл Робертс.

Експертот графолог Трејс Трусел дошла до слични заклучоци: „Ограничениот примерок од ракописот ни кажува дека писателот е емпириски мислител, со неговите мисли управува логиката и е фокусиран на неговите цели“.

Чкртаници

Експертите имаат некои интересни теории за тоа што претставуваат чкртаниците. Дури и локацијата на чкртаницата дава интересно видување за размислувањето на Ајнштајн. „Поставувањето на неговите чкртаници се наоѓаат на левата страна од страницата, и тие откриваат дека приоритетот на авторот е поврзан со минатото“, вели Трусел.

Графиологот Кети Мекнит се согласува: „Поставувањето на чкртаницата на левата страна од страницата става акцент на минатото како и внатрешна резерва“.

2
Фото: Collection of the Historical Society of Princeton

Бротче

Мекнајт верува дека цртежите од бротчето откриваат желба да се избега на пријатен начин.

Трусел оди подлабоко велејќи дека бродот претставува желба да се побегне од минатото и да се избегнат емоциите и ситуациите во кои се наоѓа авторот. Тоа укажува на амбиција и решеност да ослободи енергија преку работата и достигнувањата. Бродот, што ја допира маргината исто така значи дека се сеќава на осаменоста што ја чувствувал во текот на младоста и емоциите што ги чувствувал. Аголните форми на едрата ги откриваат процесите на размислување и неговата одлучност.

Сите три експерти се најмногу фасцинирани од цртежот на жената. Секој од нив дал значаен заклучок извлечен од нејзиниот изглед. Дали ова била личност што Ајнштајн ја познавал или делче од неговата имагинација?

„Неговата чкртаница укажува на тоа дека тој се восхитува оддалеку и има одредено почитување на границите. Се гледа дека тој ја цени женската форма, но сепак сака и некои работи да ги остави на имагинацијата“, вели Робертс.

3

„Чадорот е заштита, како што е и капата на главата на жената. Интересно е да се забележи тоа што чадорот е подготвен да ја заштити ако таа направи чекор напред, а не е позициониран директно над неа. Ова е одраз на тоа што се случува со авторот“.

Трусел претпоставува дека жената е мајката на авторот. „Аркадните форми во рамките на чадорот ја зголемуваат оваа интерпретација на мистеријата и длабоката емоција и тајност. Постојат уште аркадни форми во силуетата на мајката и нејзините цврсти чизми, покривајќи ја длабоко во мистерија“.

Која е? Жената на цртежот е Хана Фантова, пријателката на Ајнштајн, на плажа. Пред да почине, Ајнштајн ѝ дал неколку парчиња од неговите дела бидејќи знаел дека ќе вредат откако ќе почине. Тоа била еден вид на политика за обезбедување за живот за неа. Ајнштајн ѝ ги дал за да ги продаде, но таа ги чувала како спомен.

Птица, чудовиште, нешто...


Десно од цртежот на Фантова, гледаме чудно лице.

„Чудното мало чудовиште од страната има тешки сенки и хаштаг во замена за нос. Дали писателот е често на „Твитер?“

4
Фото: Collection of the Historical Society of Princeton

„Има цртеж од грубо, кружно лице - пола човек (со уши и очила), пола птица (со клун) што е свртен напред и седи на кратки стапчиња на основата на реалноста -  и јас се сомневам дека ова го претставува авторот“, вели Трусел.

„Овој цртеж покажува дека тој е неверојатно фокусиран и бара да се посвети внимание на неговото дело. Устата во форма на срце е широко отворена и полна со мастило. Ова значи дека мислите и идеите кружеле низ неговата глава, а потоа тој имал Еурека момент“, додава Трусел.

„Без разлика дали ова е смислата на животот или едноставна математичка/научна формула на десната страна на страницата, никогаш нема да дознаеме, но што и да е, во голема мера го уморило. Сепак, тој сака сите да дознаат за неговиот труд. Тој сака внимание и тој имплицитно бара признавање и ценење на неговата работа“, вели Трусел.

Што всушност претставува малото чудовиште? Иако Ајнштајн често пати го цртал покрај неговите равенки, ова е единствениот познат автопортрет на Ајнштајн. Може да се види неговото лице и како вели: „Ich hab's“ што на германски значи: „Го открив!“ или „Еурека“.

Што друго ни кажува страницата за начинот на размислување на Ајнштајн?


Трусел укажува на изолираните и очигледно неповрзани чкртаници како откривање на покреативна, експериментална и интуитивна страна, додека за ракописот вели: „Постојат докази за фрустрација, затоа што писателот е заглавен во еден дел од проблемот. Опседнат е и сака да го реши проблемот“.

„Строг е кон себе, но не и брутален. Кога прави грешка, може да ја заборави и да продолжи. Иако сака да зборува, работите што му пречат обично ги чува под површина. Исто така, има тенденција да биде штедлив со пари, и не опседнат со детали за кои не мисли дека се важни“, вели Робертс.

Реакцијата


Откако експертите ги дадоа нивните анализи, „Curiosity“ им го откри идентитетот на мистериозниот автор.

„Ако ме прашавте кој би можел да е, Алберт Ајнштајн беше на врвот на мојата листа. Дознавањето дека е навистина Ајнштајн уште повеќе го потврдува она што го знаеме за него. Малкумина имаат ментален капацитет да размислуваат математички на ниво на кое тој го прави, но чкртаниците ни кажуваат дека тој имал повеќестрана личност. Дознавањето дека на неговиот цртеж е неговата долгогодишна пријателка потврдува дека бил доста визуелен и ја ценел женската форма, а имал и почит и одлично набљудувал“, вели Робертс.

„Ова е една интерпретација што ја испуштив, што можеби ќе ја направеа анализата уште поуспешна - јазикот што излегува од устата на Хана. Ова е сексуален симбол за кој мислев дека не е соодветен да го поврзам со неговата мајка. Ајнштајн очигледно ја сакал неговата пријателка доста длабоко, а цврсто било и неговото его“, вели Трусел.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура