Проширената реалност пронаоѓа сè повеќе примени во секојдневниот живот. Таа на корисниците им овозможува да видат како нешто, кое сè уште е виртуелно и неопипливо, би изгледало во реален простор.
Одделот во „Гугл“ што се занимава со експериментирање ја искористи проширената реалност за забава.
(
Фото: Screenshot / Youtube)
Па така, новата апликација
Just a Line им овозможува на сопствениците на паметни телефони и таблети со поддршка за проширена реалност да го претворат обичното фотографирање во забавно и нереално искуство.
Доволно е само да се вклучи апликацијата, што ќе ја активира камерата и потоа на сцената што ќе се појави на заднината од уредот ќе може да се нацрта некаков едноставен цртеж.
Фотографиите и видеата можат да се снимаaт и да се споделуваат со пријатели или целни групи.
Цртежите можете да ги создавате и истовремено со вашите пријатели (со кои сте ги споиле уредите) без оглед на оперативниот систем што го користат, што е дополнителен плус за целиот проект.
Како изгледа целата постапка може да погледнете на ова видео, а апликацијата можете да ја преземете во
App Store односно од
Google Play Store.