X
 28.09.2017 Образование

УТМС го одбележа Светскиот ден на туризмот

По повод Светскиот ден на туризмот, Универзитетот за туризам и менаџмент - Скопје како единствена придружна членка на Светската туристичка организација (UNWTO) од Република Македонија, во партнерство со Qatar Airways и Хотел „Мериот” Доха на 27.09.2017 година го одбележа Светскиот ден на туризмот. Поддршката на глобалната кампања на UNWTO за подигнување на свеста за вредноста на одржливиот туризам за економскиот развој –Travel, Enjoy,Respect која го афирмира значењето на туризмот како катализатор за позитивни глобални промени, УТМС ја реализираше преку предавање во амфитеатарот пред студентите и вработените од страна на амбасадорката на Р. Хрватска во Р. Македонија, Нејзината Екселенција, г-ѓа Данијела Баришиќ. Темата беше фокусирана на историскиот развој и стратешките определби на туризмот во Р. Хрватска. Предавањето беше поддржано со видео записи за културното наследство и атрактивноста на Р. Хрватска како туристичка дестинација за младите.



Одбележувањето на овој значаен глобален настан, продолжи и во вечерните часови на платото пред УТМС со организирање на прием на видни претставници од релевантните институции од Р. Македонија, претставници од дипломатскиот кор како и претставници од бизнис секторот. Со пригодно обраќање настанот го отвори ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје, проф. д-р Аце Миленковски, кој во својот говор го потенцираше глобалното значење на туристичката индустрија укажувајќи на значењето на човечкиот фактор во генерирањето на промените за подобра иднина. Во таа насока ректорот истакна дека туризмот е значаен за глобалниот економки развој, социјално зајакнување на заедниците со отварање на нови работни места, зачувување на животната средина и справување со климатските промени, почитување на различноста, идентитетот, култура и мирот како основен предуслов за развој и напредок на глобално ниво.



По повод Светскиот ден на туризмот, комерцијалниот директор на Qatar Airways Скопје, воедно и алумни на УТМС, на најдобрите студенти на УТМС им додели четири авио билети Скопје-Доха, а Хотел „Мериот” Доха им додели четири викенд ноќевања.



Прославата продолжи со музички хепенинг со настап на пејачот Владо Јаневски.




Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование