X
 29.09.2017 Живот

Навиките што ги поседуваат допадливите луѓе

2
Фото: Getty Images

Постои формула за создавање добар прв впечаток: насмевка, контакт со очите и бидете вклучени. Но првиот впечаток може за брзо време да го изгуби влијанието.

Прилично е тешко еден човек да му се допадне на друг. Градењето и одржувањето одлична врска, постојаното влијание врз некого на добар начин и правењето луѓето да се чувствуваат подобро за себе се работи што мал број луѓе можат да ги направат.

Но вие можете, бидејќи да се биде пријатна личност во собата не е поврзано со нивото на успех или вашите вештини за презентирање, ниту пак со тоа како се облекувате. Да се биде пријатна личност за дружење зависи од тоа како се однесувате. Еве како:

1. Дајте пред да добиете, знаејќи дека можеби никогаш нема да добиете

Никогаш не размислувајте што би можеле да добиете. Давањето е одличен начин да воспоставите вистинска поврзаност и врска.

2. Префрлете го вниманието на други луѓе

На никој не му е доста од пофалби. Тоа значи дека еден од најлесните начини да станете допадлив некому е да му кажете дека работата ја завршил одлично. Не само што луѓето ќе ја ценат вашата пофалба туку и ќе го ценат фактот што се грижите доволно за да обрнете внимание на она што го прават.

3. Слушајте трипати повеќе отколку што зборувате

Поставувајте прашања. Одржувајте контакт со очите. Смејте се. Кимајте со главата. Одговарајте - не само вербално, туку и невербално. Тоа е сè што е потребно за да му покажете некому дека ви е важен.

Кога зборувате, не нудете совет ако не ве прашаат. Слушањето покажува дека се грижите многу повеќе, бидејќи кога давате совети, во повеќето случаи го насочувате разговорот кон вас.

4. Никогаш не практикувајте селективно слушање


Некои луѓе не се способни да слушнат нешто што го кажал некој за кој сметаат дека е под нив. Секако, тие зборуваат со овие луѓе, но не ги слушаат.

Харизматичните луѓе внимателно ги слушаат сите, без оглед на позицијата или социјалниот статус.

5. Бидете внимателни - затоа што можете


Пријатните луѓе го користат слободното време за да направат нешто убаво - не затоа што од нив се очекува, туку затоа што можат.

6. Оставете ги вашите работи настрана

Не проверувајте го телефонот. Не гледајте во мониторот. Не фокусирајте се на ништо. Никогаш нема да можете да се поврзете со другите ако сте зафатени со  други работи.

Посветете го целото внимание. Тоа е подарок што луѓето го даваат. Ќе направи другите да сакаат да бидат во ваше друштво.

7. Никогаш не дејствувајте како да сте само вие важни


Единствените луѓе импресионирани од вашето „претенциозно јас“ се другите претенциозни луѓе. Останатите не се импресионирани. Нив ги иритирате и се чувствуваат непријатно.

8. ...Бидејќи другите луѓе се секогаш поважни


Веќе го знаете она што го знаете. Ги знаете вашите ставови. Ги знаете вашите перспективи и гледишта. Овие работи не се важни бидејќи веќе се ваши. Повеќе не можете да научите од себеси.

Но не го знаете она што другите го знаат. Тоа ги прави другите луѓе многу поважни од вас - бидејќи можете да научите многу работи од нив.

9. Мудро избирајте ги зборовите

Зборовите што ги користите влијаат врз односот со другите.

На пример, не мора да одите на состанок, туку одите да се сретнете со други луѓе. Не мора да создадете презентација за клиент, туку да споделите интересни работи со другите луѓе. Не мора да одите во сала за вежбање; одите да вежбате за да го подобрите вашето здравје.

Сите сакаме да се дружиме со среќни, ентузијастични и исполнети луѓе. Зборовите што вие ги избирате можат да им помогнат на другите луѓе да се чувствуваат подобро.

10. Никогаш не зборувајте за нечии неуспеси


Сите сакаме да озборуваме. Но проблемот е што ние не ги почитуваме луѓето што озборуваат.

Немојте да им се смеете на другите луѓе. Кога им се смеете, луѓето околу вас се прашуваат дали некогаш и нив им се смеете.

11. ...Но лесно признајте ги вашите неуспеси


Се претпоставува дека успешните луѓе имаат харизма едноставно затоа што се успешни. Се чини дека нивниот успех создава ефект на ореол, речиси како сјај.

Клучниот збор е „се чини“.

Но не треба да бидете неверојатно успешни за да бидете извонредно харизматични. Но треба да бидете реални и едноставни за да бидете извонредно харизматични.

Бидете скромни. Признајте ги вашите грешки. Смејте се на сопствена сметка. Никогаш не смејте им се на другите луѓе, но секогаш смејте се на сопствена сметка. Така луѓето нема да ви се смеат вам, туку ќе се смеат со вас.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот