Сите не ги поседуваме социјалните вештини. Напротив, постојат лица кои имаат тешкотии во социјализирањето. Но, тоа не значи дека интровертите не можат да постигнуваат резултати и да имаат успешна кариера.
Факт е дека интровертите, ако им се даде простор каде што самите ќе можат да се посветат на работата со ограничена интеракција, тие ќе бидат навистина продуктивни. Разликата помеѓу интровертите и екстровертите е начинот на кој нивниот мозок реагира на стимулирање. Екстровертите сакаат врева и добиваат енергија од истата, а интровертите стануваат премногу стимулирани многу брзо. Најдобро за нив е да пронајдат работа која одговара на нивните карактеристики. Како да го сторат тоа?
Запишување на сопствените квалификации и силни страни. Ако интровертот сака да биде писател, но собирањето на информации од луѓе не му е омилена активност, може да се занимава со блогерство од дома, на пример. Во својата лична биографија, пожелно е да се вметнат и личните карактеристики, со цел работодавачот да знае за каква личност станува збор. Пред да ја прифати работата, интровертот не треба да се плаши да поставува директни прашања. Важно е компанијата која го вработува да го разбира карактерот на лицето и да ги додели соодветните обврски и задачи, кои ќе го истакнат квалитетот на работникот.
Ова е листа на неколку професии кои би им одговарале на интровертни личности.
1. Грижа за животни
Работењето со животни е порелаксирано за разлика од работата со луѓе, па поминувањето време во природа и помагање на животните би било одличен избор за интровертите.
2. Истражувач на терен
Интровертите уживаат во отворен простор каде што нема многу луѓе и интензивна комуникација. Геологија, астрономија, работа во лабораторија или медицински истражувач, може да биде погодна кариера за интровертите.
3. Креативност и уметност
Пишување, музика, сликање. Интровертите можат да се концентрираат на работата, па уметноста е одличен избор за нив. Креативната работа може да го извлече најдоброто од нив.
4. Технологија
Програмирање, развој на софтвер, креирање апликации, дизајнирање игри. Поминатото индивидуално време пред компјутер исто така е добар избор за
интровертите.
5. Работа со податоци
Сметководство, архиви, библиотекари. Тивка работа, без попречување од други.
6. Возачи
Возачи на камиони и други средства за транспорт, кои подразбираат пренесување на производи.