X
 03.10.2017 Живот

Загатка од античките времиња - парадоксот на крокодилот

paradoks

Парадоксите се забавни за вашиот мозок, до моментот кога ќе почнат да ве фрустрираат и да станат интелектуална тортура. Еден таков пример е парадоксот на крокодилот - логички проблем што бил дискутиран и од античките Грци. Иако толку време поминало, оваа загатка сè уште не може да се реши.

Парадоксот на крокодилот вели вака: Еден крокодил заробил мало момче. Со оглед на разумноста на крокодилот, тој му ветил на момчето дека ќе го ослободи само ако неговиот татко може да предвиди која ќе биде следната постапка на крокодилот. Момчето на таткото вели: „Нема да ми го вратиш син ми“. Сега крокодилот е во тесно. Ако таткото одговорил точно, крокодилот го задржува детето. Но ако крокодилот го задржи детето, тогаш тој не го одржува ветувањето за враќање на момчето. Но ако крокодилот го врати момчето, предвидувањето на таткото не е точно. Што треба да направи крокодилот?

Можете да пребарувате колку сакате низ интернетот, но нема да го пронајдете точниот одговор. Токму затоа се нарекува парадокс.

Парадоксапалоза


Срен Киркегор еднаш рекол: „Мислителот без парадокс е како љубовник без чувство“. Мислителите што датираат од античка Грција „играле“ со парадокси слични на овој со крокодилот.

Проблемот со крокодилот е стар и вклучува логика вклучена и во другите добро познати парадокси.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот