Фото: Facebook
Марк Закерберг на забавен начин го претстави „Фејсбук Спејсес“, новата виртуелна платформа со која успеал да го телепортира својот лик во Порторико, на Месечината, но и во неговиот дом.
Марк во живо го емитувал овој момент на „Фејсбук“ и објаснил на кој начин корисниците можат да се префрлат од едно на друго место. Сепак, не кажа која е намената на оваа платформа.
Анимираниот Марк и шефицата на одделението за виртуелна реалност, Рејчел Френклин се нашле во Порторико каде ги документирале последиците од ураганот Марија, а воедно ја искористиле можноста да ги повикаат луѓето да им помогнат на жртвите од природната катастрофа.
После тоа, Марк и Френклин за брзо време се префрлиле на Месечината, а потоа и во неговата дневна соба.
Повеќе за проектот и новата
платформа ќе биде откриено утре во 10 часот наутро на четвртата конференција на „Окулус Конект“.