X
 16.10.2017 Технологија

Македонци дел од жири комисијата на фестивалот „ Golden Drum“

Дваесет и четвртиот фестивал Golden Drum по втор пат ќе биде одржан во Љубљана од 18 до 20 октомври. Посетителите на фестивалот ќе имаат прилика да слушнат повеќе од 30 инспиративни професионалци од различни сфери на креативноста и да погледнат предлози од 38 различни земји, кои ќе се натпреваруваат за престижната награда. Овој фестивал има долга традиција во поддршката на младите таленти и со самото тоа им отвора можност за почеток на кариера. Младите професионалци ќе имаат можност да учат од мудрите и поискусни колеги. Најочекуваниот настан е доделувањето на наградата Golden Drum Grand Award Ceremony и забавата по доделувањето кога и ќе бидат објавени имињата на најдобрите кампањи и концепти, а тимовите кои го заслужуваат најдлабокото почитување за својата оригинална креативост сосема заслужено ќе бидат во центарот на вниманието.



Годинава во жири комисијата се 11 престижни и респектибилни имиња од светот на адвертајзингот и тоа од Велика Британија, Полска, Украина, Романија, Хрватска, Турција, Италија, Унгарија... и две звучни имиња од македонската сцена, Душан Дракалски и Василије Ќорлука.

„Се радувам што ќе бидам дел од едно исклучително квалитетно жири составено од врвни креативци на чело со Бруно Бартели, кој е еден од најплодните и најнаградуваните креативци во светот во последните неколку години. Секако, поканата да бидам дел од жирито претставува голема чест и искрено се радувам на сите дискусии, мислења и опсервации што ќе ги споделиме во процесот на жирирање. Во однос на бројот на пријавени трудови, чинам дека постои раст оваа година, забележливо е враќањето на Русија со голем број на пријавени кампањи, а тука се секогаш „силните” Турција, Романија, Полска... Адриатик регионот, оваа година она што го пропушта во квантитет, солидно го компензира со квалитетот на пријавите“ вели Василије Ќорлука, главен креативен директор на Публицис Оне за Адриатик регионот.

На него се надоврзува и Душан Дракалски, кој досега бил член на жирито на Голден Драм и на ред други фестивали, вклучувајќи го и Канскиот.

„Овој фестивал сам по себе има опасна конкуренција, многу земји од источниот европски блок освојуваат лавови во Кан (Cannes Lions), а со тоа ја прават уште посериозна конкуренцијта и на Голден Драм. За жал од Македонија нема многу работи годинава. Македонската адвертајзинг сцена има голем потенцијал, како што може да се види на фестивалите ширум светот. Можеби е само пауза во прашање...“.

За повеќе информации посетете ја веб страницата www.goldendrum.com.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија