Љубљана Постер Награди 2016
Фестивалот Golden Drum и градот Љубљана покануваат млади креативци на возраст до 30 години да учествуваат во изборот на најдобар и најкреативен постер. Овогодинешната тема на натпреварот е: Љубљана е зелена за тебе! Биди активен, биди фит!
Авторот на најдобриот постер ќе биде награден со парична награда во износ од 3.000 евра од Градот Љубљана, додека Golden Drum ќе му овозможи на победникот да присуствува на фестивалот Golden Drum 2017 со покривање на целиот износ за учество. Додека, второ и трето наградените ќе добијат само влезници за учество на Golden Drum 2017. Сите апликации треба да бидат испратени во периодот помеѓу 22 август и 15 септември 2016. Членовите на жири комисијата ќе бидат објавени во следните денови.
Љубљана е град на спортовите!
Бројот на спортски ентузијасти во Љубљана се зголемува од година в година, како и учеството на спортски и рекреативни настани, како што е Љубљанскиот Маратон, Маршот крај Бодликавите Жици, Тричлените Трчачки Тимови и Фрања Маратонот. Со своите нови спортски објекти, Љубљана станува препознатлив град во меѓународната средина. Градот беше домаќин на голем број спортски настани, како што е Европското Првенство во Кошарка 2013, Светско првенство во Џудо – Јуниори, Кајак слалом Светско Првенство како и Аматерски Велосипедски Трки 2014.
Љубљана може да се пофали со голем број спортски објекти и локалитети. Во 2010 година, УЕФА го рангира стадионот Stožice како еден од трите најубави стадиони во Европа. Во 2013 година, нов Спортски Дом беше отворена во Брег , додека во 2015 најстариот градски базен, Колезија, беше целосно реновиран. Истата година се случи отворањето на современиот Гимнастичарски Центар во Љубљана. Градот Љубљана активно придонесува во физичкото образование на децата на предучилишна возраст и децата на училишна возраст, како и средношколците, студентите и возрасните со годишни спортски програми. Градот ги охрабрува своите жителите активно да го поминуваат своето слободно време со тоа што се понудени нови рекреативни и зелени површини. Новоформираните трим патеки, фитнес на отворено и трим острови предизвикаа многу ентузијазам кај сите генерации и се веќе добро посетени.
Љубљана Постер Награди 2016
Се повикуваат младите креативци да создадат постер кој ќе ја претставува Љубљана како град на споротови и многу зелени површини. Целта на постерот е да се поттикнат жителите и посетителите на Љубљана да учествуваат во спорстки активности во природа, токму затоа што градот има многу зелени површни, одновно повеќе од 542 m2 по жител. Исто така, има 90 хектари нови зелени површини, создадени од претходно асфалтирани области. Во дописот, градот порачува креативците да се фокусираат на џогирање, пешачење, велосипедизам, трим патеки, фитнес на отворено, веслање, пливање, голф, тенис, одбојка на песок, кошарка, фудбал и други урбани спортови. Дизајнот на постерот треба да биде осмислен за да се создаде серија на постери, адаптирани и применливи за повеќе комуникациски канали ( дигитални медиуми, печатени реклами, итн.)
Повеќе за натпреварот на: http://www.goldendrum.com/en/competition/off-drum-competition/
Важни датуми:
Рок за регистрација на учесници и посетители: отворен
Краен рок: 29 август 2016
Краен рок за пријавување на креативни решенија: 20 септември 2016
Повеќе за Golden Drum на: www.goldendrum.com.