Пред точно 23 години, на 5 ноември 1994 година, починал фронтменот на „Екатарина Велика“, легендарниот рок музичар Милан Младеновиќ.
Милан бил роден на 21 септември 1958 година, во Загреб. Шест години подоцна со семејството се преселил во Сараево, каде живеел до 1970 година, кога се преселил во Белград.
Првиот значаен чекор во неговата музичка кариера било основањето на групата „Шарло Акробата“, во 1980 година. Групата објавила еден албум, „Бистрији или тупиљи човек бива кад...“, а после тоа се распаднала поради несогласувања помеѓу Младеновиќ и Душан Којиќ Која.
Драгомир Михајловиќ и Милан ја основале групата „Катарина II“ кон крајот на 1981 година. Откако им се придружиле Иван Вдовиќ, Маргита Стефановиќ и Бојан Печар, тие издале албум.
„ЕКВ“ каква што ја познаваме, првиот албум го објавила во 1985 година, после распаѓањето на „Катарина II“. Со текот на времето, групата станала една од највлијателните и најуспешните рок состави на просторите на поранешна Југославија.
Во август 1994 година, на Милан Младеновиќ му бил дијагностициран рак на панкреасот. После кратка неколку месечна борба, Милан починал на 5 ноември во Белград.
Биди сам
Ми треба свет отворен за погледи
отворен за трчање
ми треба соба што ќе собере пет илјади луѓе
со подигнати чаши
Се крши кристал, светат стаклени искри
под нашите нозе
како целосни странци со стакло во очите
со стакло во срцата, на лицата
Биди сам на улица, биди сам