X
 30.11.2017 Технологија

Супер идеја: „смартфон“ за одвикнување од смартфони!


Смартфон за одвикнување од смартфони
(Фото: Youtube printscreen / Fortune magazine)


Австрискиот дизајнер Клеменс Шилингер конструирал единствена „замена за паметен телефон“ која би им помогнала на „навлечените“ на овој сеприсутен мултифункционален апарат да се одвикнат од зависноста.

Шилингеровиот „лажен“ телефон е изработен од пластика. Има вградени топчиња од камен кои служат за луѓето сами да станат свесни за својата зависност од „светлечките екрани“.

Пет различни „лажни телефони“ се дизајнирани на начин да ги поддржуваат петте најчести движења со прстите по екранот на смартфонот.

Веројатно логиката е луѓето што повеќе да ги „чепкаат“ топчињата и побрзо да сфатат колку е тоа бесмислено.

Овие „телефони“ сè уште не можат да се најдат во продажба, но на страницата на Шилингер се најавува дека тоа ќе се случи наскоро.


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија