X
 04.06.2015 Технологија

Митови и лаги за полнењето на паметните телефони

Многу пати сме слушнале голем број на „совети“ за тоа како треба да го полниме нашиот телефон и што е ефективно, а што ги уништува батериите на нашите телефони.

 

tel


Иако некои од овие правила и тиркови може да држат вода и се вистинити, поголемиот дел од нив се само гласини врз основа на нешто што сме го слушнале. Батериите на паметните телефони еволуираа доста во текот на годините и поради тоа, ви нудиме листа на митови кои се поврзани со полнењето на паметните телефони.

1. Не го полнете телефонот се` додека батеријата не се испразни целосно

Всушност, ако го направите ова батеријата ќе стане нестабилна. Полнете го вашиот телефон секој ден и не дозволувајте да оди под 20%. Батеријата им ограничен број на циклуси на менување.

2. Не мора никогаш да го исклучите телефонот

Всушност, спротивното е вистинито. Треба да го исклучувате телефонот еднаш неделно за да ја зачувате батеријата.

3. Полнењето на телефонот навечер ја убива батеријата

Вашиот паметен телефон е паметен со причина; знае кога треба да престане да се полни. Откако батеријата целосно ќе се наполни, полначот ќе престане да ја полни батеријата и батеријата повеќе не е во употреба.

4. Не треба да го користите телефонот додека се полни

Користете го колку сакате. Оние кои ќе ви го кажат ова правило сигурно и ќе ви кажат дека може да ви експлодира в рака додека се полни, меѓутоа воопшто не е вистина.

5. Користењето на небрендирани полначи ги уништува батериите

Се` додека не е имитација или копија, се` е во ред. Евтините имитации се она што би можело да ја уништи вашата батерија или паметен телефон. 

 

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија