X
 12.12.2017 Технологија

„Епл“ ја купува апликацијата „Шазам“!

apple
Фото: Getty Images

Компанијата „Епл“ е во завршна фаза на купување на „Шазам“ – апликацијата која овозможува идентификација на песни, филмови и ТВ-емисии, пишува „Техкранч“.

Цената моментално изнесува 400 милиони долари, но „Епл“ ќе заштеди извесен износ од провизијата што му ја плаќаше на „Шазам“ за пренесувањето на корисниците на iTunes Store каде што може да се купат различни содржини. Токму таа провизија го претставуваше поголемиот дел од приходите на „Шазам“ минатата година, а апликацијата е заслужна за 10 проценти од вкупната дигитална продажба.

Исто така, ако „Епл“ одлучи да ја згасне апликацијата, ќе им зададе тежок удар на услугите како Spotify и Google Play Music, на кои „Шазам“ им проследува по повеќе од милион кликови дневно. „Шазам“ има договор и со „Снепчат“. Сепак, сè уште не е сигурно како овој потег на „Епл“ ќе влијае врз споменатите договори.

Најголемата корист за „Епл“ ќе биде АР-технологијата (augmented reality) на „Шазам“, која е развиена по технологијата за визуелно препознавање од 2015 година. Оваа технологија им овозможува на корисниците да скенираат списанија, книги, постери, реклами и други физички производи, а освен тоа и да прикажуваат 3Д-анимации, да визуализираат производи, а на располагање имаат и 360 клипови. Ако „Епл“ посака да направи своја верзија на Google Lens, ова ќе биде добра основа.

„Шазам“ досега е преземен повеќе од милијарда пати, а популарен е веќе 19 години. 
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија