Денес е вторник, 26 декември 2017 година, 360-иот ден во годината.
Сонцето изгреа во 06:54 а ќе зајде во 16:13 часот. Денот ќе трае 9 часа
и 19 минути.
Ова утро по котлините имаме појава на магла и намалена видливост од 100
- 150 метри има на патниот правец Куманово – Крива Паланка, од 50 – 70
метри на патниот правец Неготино – Демир Капија и од 50 – 100 метри на
патните правци Скопје – Катланово и Скопје – Миладиновци. Во останатите
предели претежно ведро и свежо време.
МАКЕДОНИЈА – Во Македонија во утринските часови појава на магла по
котлините и долините на реките, која што понекаде ќе се задржи и во
претпладневните часови. Во текот на денот ќе биде претежно сончево време
со појава на локална облачност и невообичаено топло време за овој период
од годината. Ќе дува доумерен слаб југозападен и западен ветер, а во
источните предели ќе дува доумерен слаб југоисточен ветер. Минималните
температури од -5 до 2 степени, додека пак максималните дневни ќе
достигнат до 7 односно до 15 степени.
СКОПЈЕ - Во Скопје во утринските часови појава на магла кога што ќе се
задржи и во претпладневните и поголем дел од попладневните часови. Ќе
дува слаб југозападен ветер. Утринската температура од -1 степен, а
максималната дневна до 6 степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во среда свежо утро со утрински температури кои што
ќе се движат во интервал од -3 до 4 степени во текот на денот ќе биде
умерено облачно време со повремени сончеви периоди и топло време со
максимални температури од 6 до 14 степени. Во четврток и петок
дестабилизација на времето, под влијание на циклонска цикрулација ќе
биде умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд и ветровито
време. Минималните температури од 0 до 7 односно од -2 до 5 степени,
додека пак максималните дневни ќе достигнат од 4 од 13 односно од 2 до
12 степени, со напомена дека во петок над 1500 метри врнежите ќе бидат
од снег. Во сабота студено утро со утрински температури од -6 до 1
степен. Во текот на денот ќе биде претежно сончево време со појава на
локална облачност и максимални температури од 0 до 10 степени.
СКОПЈЕ 5 ДЕНА - Во среда во Скопје умерено облачно време со услови за
повремени сончеви периоди во попладневните часови и дневна температура
до 10 степени. Во четврток и петок умерено облачно и нестабилно време со
врнежи од дожд и дневна температура која што ќе достигне до 9 степени.
Во сабота студено утро со температура од -1 степен, а во текот на денот
ќе биде претежно сончево време со појава на локална облачност, ветровито
и студено време со максимална температура до 6 степени.
КВАЛИТЕТ НА ВОЗДУХОТ - Според измерените податоци во 6 часот во Скопје,
Тетово и Куманово имаме високо ниво на загаденост на воздухот. Во
Кичево, Велес и Битола средно ниво на загаденост на воздухот, а во
останатите градови нивото на загаденост на воздухот е на ниско дозволено
ниво. Во изминатите 24 часа насекаде имавме високо ниво на загаденост на
воздухот, а највисоко количество на штетни пм 10 честички беа измерени
во Скопје вредностите се движеа од 100 до 577 микрограми на метар
кубен(Лисиче 577, Ректорат 532, Гази Баба 358, а најниска вредност имаше
во Миладиновци). Потоа следуваат Тетово 516, Кавадарци 489, Куманово
405, Велес 386, Битола 366, Кичево 220
Weather4all.com.mk