X
 26.08.2015 Живот

Времето денес и прогноза за продолжениот празничен викенд што следува

Во Македонија во среда ќе биде претежно сончево и топло време. Во северозападните, западните како и во централните предели се очекува појава на локална облачност. Ќе дува доумерен слаб северозападен и североисточен ветер, а во југоисточните и источните предели ќе дува слаб југоисточен ветер. Утринските температури во благ пораст и ќе се движат од 11 до 21 степен, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 25 односно до 35 степени. УВ индекс 7.



Во Скопје во среда ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 18 степени, а максималната дневна ќе достигне до 33 степени. УВ индекс 7.

До крајот на оваа недела ќе се задржи претежно сончево и топло со температури кои што се карактеристични за овој период од годината. Во четврток утринските температури од 10 до 20 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 25 односно до 35 степени.

Во петок, сабота утринските температури ќе бидат за околу 1 степен пониски, а максималните ќе се движат од 26 до 36 степени. Во недела утринските температури ќе се движат во интервал од 10 до 20 степени, а пак максималните температури ќе достигнат до 26 односно до 36 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот