X
 17.01.2017 Живот

Како да станете самовработен и да патувате низ светот?

Посакувате самите себеси да си бидете шеф за да можете да правите што сакате, и најважно, да патувате додека работите? Флексибилноста од само-вработувањето има многу придобивки. Никој не ве задржува на едно место и вие одлучувате каде ќе работите. Ова е најдобриот тип на работа за секој оној што куферот.

Меѓутоа, водењето на сопствен бизнис бара внимателно планирање. Затоа, направете ги следните чекори кои ви гарантираат успех.

Одлучете се по кој пат ќе тргнете

Најпрво треба да откриете дали она што го работите ќе ги искористи вашите вештини и дали ќе ви даде слобода да патувате. Тип на работа, каде ќе можете да работите од лап топ или преку мобилен телефон. На пример, хонорарен фотограф - сѐ што ви треба е фотоапарат и компјутер за да ги испраќате фотографиите и да ги уредувате. Тука е и маркетинг на социјалните медиуми.

vraboten
Фото: Freepik

Создадете буџет


Откако ќе решите за каков вид на само-вработување ќе започнете, време е да направите план за трошоците - колку заработувате и како ќе ги потрошите парите на патување. Дали ќе имате доволно капитал за да живеете луксузно во хотел или доволно за да престојувате во евтин хостел? Кога патувате, гледајте да ја искористите можноста за да заработите повеќе. Така на пример ако сте критичар за храна, патувајте во различни места во светот и јадете различна храна, па така ќе можете да откриете повеќе можности кои ќе ви дадат можност да ја подобрите вашата работа.

Основајте база на клиенти


Ако сте авантуристички тип, тогаш за вас не е проблем да среќавате нови луѓе и да воспоставите нови социјални мрежи. Искористете ја оваа способност за да воспоставите силна база на клиенти. Дозволете им на луѓето да ги знаат вашите цели и отворено дискутирајте за тоа што работите. На потенцијалните клиенти, кажете им што правите, и дајте им попуст. Ако се задоволни од вашиот производ или работа, тие ќе се вратат за повеќе.

Рекламирајте се себеси


За да бидете успешен само-вработен, суштински е да се рекламирате и себеси, и вашиот бренд. Верувајте во она што го правите и убедете ги другите да веруваат во вашата цел - самодовербата е заразна. Создадете стандарди за брендот кои ќе ве водат во вашиот маркетинг и ќе ви ги чуваат комуникациите постојано низ било која промотивна платформа.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот