X
 24.04.2018 Уметност

Авантуристичките тетратки на еден човек што ја напуштил работата и почнал да патува низ светот

Дури и во денешно време, во ерата на технологијата, многу луѓе со себе носат тетратки полни со дневни потсетници, значајни датуми, мисли и други важни информации. Меѓутоа, постои уметник што ги користи своите тетратки за да создаде прекрасна уметност.

1
Фото: Jose Naranja

Хозе Нарања создава прекрасни и добро смиселни тетратки исполнети со неверојатни илустрации и белешки. Неговите тетратки се уметнички дела што смируваат, изработени со акварели, пенкала, елементи на фотографија, поштенски марки, цртежи и ракопис.

Долги години Хозе бил аеронаутички инженер, но подоцна одлучил да го посвети животот на уметноста и патувањето. Неговата страст за ваква уметност се развила во 2005 година, кога ги открил џебните списанија на Молескин. Иако никогаш не посетувал курсеви по уметност, неговите вештини се беспрекорни.

ГАЛЕРИЈА
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Уметност