X
 17.01.2020 Живот

На огласот на милијардерот Маезава се пријавиле над 20.000 кандидатки

Јапонскиот милијардер Јусаку Маезава во понеделникот објави дека бара придружничка на неговото туристичко патување на Месечината, но и воопшто – во животот. На огласот досега се пријавиле над 20.000 жени

- Полека ме обземаат чувствa на осаменост и празнина. Затоа, постојано размислувам за едно нешто: сакам да сакам една жена - напиша Маезава на својата интернет-страница, додавајќи дека не би било никаков проблем ако кандидатката не знае јапонски јазик.

Маезава (44) е првиот добитник на билети за туристичко патување до Месечината, кое го организира „Спејс Икс“ и е закажано за 2023 година. Познат е и по тоа што минатата седмица преку „Твитер“ на своите следбеници им подели 9 милиони долари.

- Сакам да најдам животна сопатничка и од вселената да испратам порака за нашата љубов и мир во светот - нагласи Јапонецот.

Тој е основач на најголемиот јапонски синџир за облека „Зозо“. Неговиот вкупен имот се проценува на 2 милијарди долари.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот