X
 13.01.2020 Живот

Милијардерот Маезава бара партнерка за патувањето во вселената

Милијардерот Јусаку Маезава објави оглас во кој бара придружничка на неговото вселенско патување, но и воопшто – во животот.

Јапонецот има 44 години и е прв сопственик на билети за туристичко патување на Месечината, организирано од Спејс-Икс и закажано за 2023 година. Познат е и по тоа што пред само неколку дена преку „Твитер“ на своите следбеници им подели 9 милиона долари.

Неговиот вкупен имот се проценува на 2 милијарди долари. Основач е на најголемиот јапонски трговски синџир за облека – Зозо.

- Полека ме обземаат чувства на осаменост и празнина. Затоа, постојано размислувам за едно нешто: Сакам да сакам една жена - напиша Маезава на својата интернет-страница.

Во објавата се вели и дека не би било никаков проблем ако не знаете јапонски.

- Сакам да најдам животна партнерка и од вселената да испратам порака за нашата љубов и мир во светот - додава Јапонецот.

Жените што имаат над 20 години може да се пријават на неговата интернет-страница.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот