X
 17.01.2021 Живот

Дали ова е најубавото село во Италија?

Се смета дека Света Магдалена е најубавото село во Италија. Таа титула не ги изненадува сите што биле во можност да ја посетат оваа прекрасна област на работ на долината Вал ди Фунес и во подножјето на Доломитите, на североистокот на земјата.


Селото се наоѓа на надморска височина од околу 1.350 метри и е опкружено со спектакуларни планини и ливади. Еднакво е убаво и во топлите и во студените месеци. Најпрепознатливиот дел од ова село е истоимената црква.


Денес, Света Магдалена има околу 400 жители кои главно се занимаваат со туризам. Исто така, местото е идеална точка за истражување на паркот на природата, „Пуец-Одл“.



Извор: Punkufer.dnevnik.hr
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот