X
 14.12.2021 Живот

Мало италијанско гратче станува туристичка атракција за божиќните празници

Иако самата помисла на одмор во Јужна Италија асоцира на лето, овој предел има што да понуди и во студените периоди, особено за претстојните празници. Доказ за тоа е шармантното гратче Локоротондо, кое ги привлекува туристите токму во декември.



Станува збор за мало гратче во италијанската покраина Апулија кое е совршена дестинација за оние што ги обожаваат божиќните празници.



Градот со куќи и згради со бели фасади во декември станува божиќна бајка поради мноштвото украси и контрастот помеѓу божиќните украси и белите ѕидови.



Жителите на Локоротондо ги доживуваат празниците како магичен период, па организираат прошетки во градот за посетителите, божиќни концерти и други активности.



Извор: Fashion
Фото: Instagram (Printscreen) 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот