Македонски телеком ja пушти првата комерцијална 5Г-мрежа во Македонија и овозможи користење на 5Г-услуги паралелно и во комбинација со 4Г, со напредна технологија за динамично користење на постојните радиофреквенции.
Подготовките за воведување на 5Г-технологијата започнаа во 2018 година со првата лабораториска демонстрација на 5Г, а во 2019 година Телеком ја постави првата реална тестна мрежа преку која се постигнаа брзини на пренос на податоци од 1 Gbps, десет пати поголеми од 4Г.
Македонски телеком е во екот на имплементацијата на новата 5Г радио пристапна мрежа и за половина година успеа да обезбеди покривање со 5Г-сигнал на 15 града и нивните околини: Штип, Велес, Кавадарци, Неготино, Свети Николе, Битола, Прилеп, Крушево, Охрид, Струга, Ресен, Струмица, Радовиш, Гевгелија и Дојран.
Од овој месец започна имплементацијата на 5Г во Скопје и околината, а до мај сите корисници од главниот град и поширокиот Скопски Регион ќе имаат пристап до 5Г-услуги. До крајот на октомври 2022 година со опрема од најновата генерација ќе бидат покриени 26 града во Македонија.
Мрежата на Телеком е подготвена да овозможи супер брз гигабитен мобилен интернет, веднаш по завршувањето на процесот за доделување на радиофреквенции за радиоопсезите на 700 MHz и 3,6 GHz од страна на АЕК.
- Пред три години ги почнавме првите подготовки за технологијата на петтата генерација, а денес ја имаме првата комерцијална 5Г-мрежа. Изминатите години се подготвувавме, инвестиравме, тестиравме, градевме и зборувавме за иднината, сега можеме да кажеме дека 5Г е тука. Го исполнивме еден од најважните предуслови за четвртата индустриска револуција, а со добивањето на новите 5Г-радиофреквенции, оваа технологија ќе го достигне својот вистински потенцијал, а нашите корисници ќе ги добијат брзините кон кои целиме – изјави Никола Љушев, главен извршен директор на Македонски телеком.
5Г за корисниците
Засега, 5Г ќе имаат корисниците што се наоѓаат во градовите што се покриени со 5Г, во согласност со тарифите што ги користат, и кои имаат некој од следните соодветно сертифицирани 5Г-уреди: Samsung S21, Xiaomi 11 Lite NE и Motorola Edge 20 Lite. Процесот на 5Г-сертификација со Apple се очекува да заврши во текот на второто тримесечје од годината.
Можностите на 5Г-технологијата ќе бидат достапни во тарифите: Ultra – вклученo во претплатата, без потреба од активација, Magenta 1 Unlimited и Mobile Unlimited без дополнителен надомест, со активација на услугата преку апликацијата TelekomMK. Во промотивниот период, 5Г ќе може да се активира без дополнителен надомест и кај корисниците на Magenta 1 M и Mobile M преку апликацијата TelekomMK. Пристапот на 5Г-мрежата ќе биде овозможен без дополнителен надомест и за деловните корисници, во тарифите Magenta1 Business L / Business L и Business XL / XXL со автоматска активација, а за корисниците на Magenta1 Business M и Business M со активација преку апликацијата TelekomMK. Листата со смартфони што се сертифицирани за 5Г постојано ќе расте и ќе се надополнува со нови модели.
Големите брзини и капацитети на новата 5Г-мрежа ќе донесат револуција во корисничкото искуство, молскавично брзо споделување содржини и мала латенција во комуникацијата. Оваа технологија ќе биде движечка сила за развојот на нови функционалности и досега невидени услуги и производи кои ќе ни го поедностават и подобрат животот во сите сфери.
Користењето на сите напредни функционалности од оваа мрежа ќе се одвива постепено во текот на наредните години, заедно со растот на можностите на новите технологии.
Сите информации за 5Г, покриеноста на територијата, информации за производи и уреди, како и детали за можностите на оваа технологија ќе можете да ги прочитате
тука, додека за деловни корисници на следниот
линк.
(Комерцијална објава)