САД убедливо доцнат зад Кина вo трката за изградба на нова генерација безжична комуникација, позната како 5Г, и по сè изгледа им се заканува опасност да претрпат тежок пораз на полето на потенцијална економска добивка.
(
Фото: Pixabay)
Во извештајот на консултантската куќа „Дилојт“, моментално Кина има повеќе локации кои поддржуваат 5Г-безжична мрежа во споредба со САД, а најочигледен показател на кинеската надмоќ на тоа поле е фактот дека кинеските компании за поставување базни станици и операторите создале повеќе локации за поддршка на 5Г-мрежата за само три месеци од минатата година отколку што САД вкупно изградиле во трите изминати години.
Уште во 2015 година Кина ги претекна САД за 24 милијарди долари, поставувајќи 350.000 нови столбови за телекомуникација, додека за истото време САД поставиле помалку од 30.000. Во извештајот исто така се наведува дека само инсталирањето на таква опрема во Кина може да биде дури и 35% поевтино отколку во САД.
Земјите што меѓу првите ќе ја инсталираат новата генерација безжична комуникација ќе стекнат „немерлива предност“ затоа што 5Г носи „ера на неискористен економски потенцијал“, се оценува во извештајот на „Дилојт“, пренесува „
Ројтерс“.